9.8 C
Скопје
17:37 - 20 февруари, 2026

(ВИДЕО) ТАЈНИТЕ НА ПЛЕЈБОЈ: Поранешна зајчица вели дека им биле давани седативи за „забава“

Во најавата за 10-часовното истражување на „Плејбој“ империјата, Холи Медисон (41) ја открива менталната и емоционалната болка што ја преживеала како зајчица од 2001 до 2008 година од рацете на Хефнер – кој почина од сепса во 2017 година на 91-годишна возраст, пренесува „NYPost“.

„Се чувствував како да сум во круг на груби нешта и не знаев што да правам“, вели Холи Медисон, поранешна Плејбој зајчица и поранешна девојка на покојниот Хефнер, во ново видео за претстојната документарна серија „Тајните на Плејбој“, која ќе дебитира на 24 јануари.

„Дојдов до момент кога некако се скршив под тој притисок и потребата да изгледам точно

како сите други“, вели Медисон.

Сега Медисон ја смета нејзината поврзаност со Плејбој за „опасен избор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Holly Madison (@hollymadison)

„Хеф се преправаше дека не бил вклучен во употребата на тешка дрога во вилата, но тоа беше лага“, вели поранешната партнерка на Хефнер, Сондра Теодор, „Плејбој“ зајчица од 1976 до 1981 година. „Се користеше хипнотички седатив за секс – Метаквалон, за сензацијата што ја предизвикува“.

„Обично земавте половина. Но, ако земете две, ќе се онесвестите“, открива Теодор (64). „Такво беше заведувањето и мажите знаеја дека можат да ги натераат девојките да прават речиси сè што тие ќе посакаат ако им дадат седатив“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Поранешната секретарка и извршна асистентка на Хефнер ги потврди тврдењата на Сондра за склоноста на Хефнер да дрогира жени.

„Метаквалонот го нарекувавме раширувач на нозе. Тоа беше целата негова поента“, вели Лиза Ловинг Барет во видеото. „Тие беа неопходно зло… за забавата“.

Барет, која работела во вилата од 1977 до 1989 година, признава дека им помагала на Хефнер и неговите вработени со извршна функција во обезбедувањето на рецепти за „лековите“ со цел да се одржи постојан проток на седативи во дувлото на страста.

Слични објави

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо
Се вчитува....