08:01 - 13 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) 41 ГОДИНА ПО СМРТТА: Џон Ленон живее во сеќавањата

На денешен ден, пред 41 година, светот остана без еден од најдобрите и најпопуларни пејачи – Џон Ленон.

Околу 22.50 пред њујоршкиот хотел „Дакота“, одекнале пет истрели. Четири смртно го раниле, а по 25 минути во болницата „Рузвелт“ Џон Ленон и официјално бил прогласен за мртов.

Пиштолот на убиецот Марк Дејвид Чепмен и книгата „Ловец во житото“ која ја држел во рацете, паднале на земјата, а според реченицата која убиецот тогаш ја изговорил, „Само што го застрелав Џон Ленон“ („I just shot John Lennon“), групата „Кренберис“ наслови една песна.

На сослушувањето минатата година Чепмен ги прераскажал случувањата од 8 декември 1980 година, кога добил автограм од Ленон, а го убил неколку часа подоцна. Рекол дека се борел со одлуката дали да го убие или не, со оглед на тоа што Ленон бил љубезен кон него.

Ленон почнал да се занимава со музика уште кога имал 12 години, а пет години подоцна, кога патувал кон британскиот град Вултон, се запознал со Пол Макартни, кој станал гитарист во неговиот бенд. Во 1960 година е основан бендот „Битлси“, кој во наредните десет години достигна огромна слава и популарност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Life On M(Art)? (@lifeonm_art)

Ленон беше во брак со Синтија Пауел, со која го доби синот Џулијан, а во 1966 година ја запозна неговата втора сопруга Јоко Оно, со која десет години подоцна го доби синот Шон.

Брачниот пар Ленон заедно снимија албум, учествуваа во против-воените простести и приредуваа настани во име на мирот. По распадот на „Битлси“ во 1970 година, Џон Ленон и Јоко Оно се преселија во САД, каде што Џон продолжи да се занимава со музика, но и да организира мировни протести.

Во продолжение да се потсетиме на неговиот најголем хит од соло кариерата, нумерата „Imagine“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....