07:34 - 11 април, 2026

(ВИДЕО) ПРВИОТ ВЕНЧАЛЕН БАКНЕЖ НА ГРАШО И ХАНА: Што сум? Кој сум? Сонувач сум само чиј поглед гасне во магла и мемла, живеев, така патем, како во сништа, како многу други луѓе на оваа земја…

Хана Хуљиќ и Петар Грашо се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит, а заветите ги дадоа пред најблиското семејство и пријателите.Ги венчал познатиот сплитски свештеник, отецот Јозо Чирко.

Невестата блеснала во венчаница на сплитската модна марка Арилео (Arileo), а Грашо бил во елегантно издание, дотеран во темен костум.

Набргу после венчавката, на социјалните мрежи се појави и видео од првиот бакнеж на Грашо и Хана.

Видеото е проследено и со поезија од Сергеј Есенин.

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чиј што поглед гасне во магла и мемла

Живеев, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.

И тебе те љубам, сега, по навика дете

Зашто пред тебе многу љубев болејќи

Ко што цигара палам по навика ете

Ти зборувам и шептам за љубов трептејќи.

„Засекогаш“, и „љубена“ и „ќе те помнам довек…“

А душата пустош иста ја обзема

Ако со страст допреш срце на човек

Вистина, без сомнеж, да пронајдеш нема.

Па душата моја веќе не знае за ежа

На одбиени желби, неразбрана тага

Ти си моја вита, леснонога бреза

Створена за мене и на други драга.

Но тражејќи така сродна една душа

Врзан против желби, тонам в сета болна

Никогаш со љубомора нема да те здушам

Никогаш да те обвинам нема ниту колнам.

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чиј што поглед гасне во магла и мемла

И те сакам, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.

По церемонијата во црква, младенците прославиле во ресторанот „Адриатик“.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....