9.8 C
Скопје
12:57 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Првиот трејлер за продолжението на „Knives Out“: Даниел Крег ја репризира улогата на детектив

Насловот на продолжението е „Glass Onion: A Knives Out Mystery“, а во филмот Даниел Крег ја репризира улогата на детектив, а му се придружуваат Кејт Хадсон, Лесли Одом Џуниор, Едвард Нортон, Кетрин Хан, Меделин Клајн и Дејв Баутиста.

Режисер е Рајан Џонсон. Дејството го следи животот на технолошкиот милијардер Мајлс Брон (Едвард Нортон) кој ги повикува пријателите на приватен грчки остров на забавен одмор. Но, набргу некој ќе заврши мртов, со што се отвора можност за детективот Беноа Бланк (Даниел Крег) да навлезе во најновиот случај.


Netflix плати неверојатни 450 милиони долари за правата на филмот „Knives Out“ за да сними уште две продолженија на успешниот трилер од 2019 година.

Овој износ можеби звучи како преголем за релативно мал филм, но првиот„ Knives Out“ беше еден од најголемите хитови во 2019 година, заработувајќи над 300 милиони долари.

Џонсон беше номиниран за Оскар за најдобро изворно сценарио.

Премиерата за „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ е закажана за 23 декември на Netflix.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....