6.8 C
Скопје
07:55 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Погледнете го трејлерот за документарецот за животот на Били Ајлиш

Изгледа дека животот на денешните тинејџ ѕвезди е далеку повозбудлив отколку некогаш. Претходно поминуваа децении пред некој да се осмели да направи документарец за уметниците, а да не зборуваме за книгите.

Денес, сето тоа оди малку побрзо. Иако Били Ајлиш на 18 декември наполни дури 19 години, стриминг сервисот „Apple Tv+“ веќе го најави документарецот за нејзиниот живот.

Документарецот беше најавен во септември и го носи називот „Billie Eilish: The World’s A Little Blurry“, а фановите се возбудени што нивната омилена ѕвезда ќе ја видат во несекојдневно издание, но и ќе ѕирнат зад сцената.

Во трејлерот се прикажани и приватни снимки од домот на Били, настанати за време на нејзиното детство, но и снимки од студијата, кои настанале оваа година.

Како што се наведува во описот за документарецот, тој го следи животот на младата пејачка, кој се менува од корен кога таа на 17 години станува светски славна ѕвезда…

Премиерата е закажана за 26 февруари 2021 година. Погледнете го трејелерот…

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....