7.8 C
Скопје
22:47 - 30 март, 2026

ВИДЕО: Освен што е одлична актерка, таа има и други суперталенти – Камерон Диаз го откри својот скриен талент и ги воодушеви фановите

Иако се откажа од актерството, појавувањата на црвениот тепих и раскошните забави и светот во Холивуд буквално го остави во минатото, Камерон Диаз денес е многу активна на социјалните мрежи каде во нејзините секојдневни авантури ја следат нејзините најверни фанови.

Можеби повеќе немаме прилика да ја гледаме во нови филмски и телевизиски проекти, но Камерон Диаз повторно најде пат до обожавателите. На својот официјален профил, на кој некогаш не беше толку активна, сега зачестено се јавува и ги изненадува сите. Во едно такво видео таа го покажа и својот скриен талент.

Фото: EPA/ ANDY RAIN

Имено, поранешната актерка во последните месеци се заврте кон новата кариера. Таа со својата пријателка влезе во нов бизнис и отвори винарија. Токму затоа таа сега ги рекламира своите вина и шампањи кога и да има можност за тоа. Преку кулинарските репортажи од својот дом или пак преку славните и богати пријателки.

Овој пат Камерон покажа што научила во овој нов бизнис потфат. Таа откри како да отворите шише шампањ без раце, користејќи сако остар кулинарски нож, кој ќе ви помогне во оваа загатка.

„Секогаш е добро да знаете мал парти трик, дури и кога не е време за забави“, напиша 48-годишната Камерон Диаз.

На крајот на видеото кое го погледнаа повеќе од два милиони луѓе, поранешната актерка задоволно се насмевна и не ја сокри гордоста што ова го изведе одлично, без никаква грешка.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....