8.8 C
Скопје
08:49 - 16 октомври, 2026

(Видео) Најслаткиот фан на концертот — тригодишното синче на Мими и Филип Нуне ги пееше сите песни на Јаков Јозиновиќ

Мими Јовановска и Филип Нуневски уживаа на концертот на хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ, кој настапи на сцената на Античкиот театар во Охрид. Сепак, вечерта ја одбележа нивниот тригодишен син Никола, кој со својата енергија и љубов кон музиката покажа дека е голем обожавател на популарниот музичар.

Малиот Никола на концертот дошол подготвен со детски микрофон, а во текот на настапот ги пеел речиси сите песни, знаејќи ги стиховите и уживајќи во секој момент од концертната атмосфера.

Неговата мајка Мими на социјалните мрежи објави видеа од вечерта и откри дека за нејзиниот син ова било исполнување на голема желба.

„По сите пораки што ми ги пративте, Никола едноставно морав да го имам и тука. Мислам дека нема поголем фан од него. Цел концерт не престана да пее, секоја песна од почеток до крај. Толку многу го сака Јаков, а оваа вечер конечно му се исполни желбата да го слуша во живо“, напиша Мими.

Од снимките може да се види дека Никола со голем ентузијазам ја следи секоја песна, пее заедно со Јозиновиќ и не го испушта микрофонот од рака, целосно препуштен на концертната атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mimijovanovskaa

Слични објави

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо
Се вчитува....