16:57 - 12 ноември, 2026

(Фото) Северина ги „запали“ социјалните мрежи — во провокативен корсет ја најави новата песна

Откако ја објави новата песна „Нисам крива ја (Безосјеќајна)“, Северина веќе ја најави и следната нумера од својата музичка трилогија. Пејачката на социјалните мрежи сподели промотивни фотографии и краток тизер за песната „Позови ме ти (Анксиозна)“, со кои повторно предизвика бројни реакции.

На фотографиите Северина позира легната на кревет пред огледало, облечена во црн корсет, најлон-чорапи и предимензионирано крзнено палто – впечатливо модно издание што веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Песната ќе биде објавена на 6 август, а пејачката откри и дел од стиховите:

„Позови ме ти, ти у кревет ваш, кад је ушушкаш… Позови ме да, да те научим што све допушташ…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Под објавата се нижеа бројни коментари од воодушевени обожаватели.

„Севе тргна најсилно и не планира да застане“, „Ова е летото на Севе“, „Мама се врати“, „Гориш, Севе“, гласеа дел од коментарите.

Последниве денови Северина е една од најкоментираните регионални музички ѕвезди, особено по објавувањето на спотот за „Нисам крива ја (Безосјеќајна)“, во кој се појавува во впечатлив црн фустан, бели чевли и долги светлосини ракавици – модна комбинација што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

По повод новата песна, пејачката неодамна изјави:

„Како што вели песната… „Нисам крива ја“ – по сите прашања. Ова е емотивна поп-рок песна. Мајка ми (се смее) ми го соши фустанот за на суд, но (за среќа) веќе немам судови, па еве, нека го видат (фустанот).“

Третата песна од најавената музичка трилогија ќе го носи насловот „Свирајте ми ‘Раѓај синове’“.

Слични објави

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.
Се вчитува....