15:35 - 4 ноември, 2026

(Видео) Мими Јовановска и Филип Нуневски – Нуне го очекуваат второто дете — на симпатичен начин го открија и полот на бебето

Семејството на македонските музичари Мими Јовановска и Филип Нуневски – Нуне наскоро ќе стане побројно за уште еден член.

Младата пејачка, која се прослави со учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, со емотивно видео во друштво на сопругот и синчето Никола ја сподели убавата вест дека е бремена со второто дете.

Во видеото снимено во градина, семејството на симпатичен начин го откри и полот на бебето.

Додека Мими стои свртена со грбот, Филип и малиот Никола го дознаваат полот на бебето, по што момчето ѝ подава букет цвеќе на својата мајка.

Сината боја на букетот открива дека семејството наскоро ќе добие уште едно момче.

„Три срца кои наскоро ќе бидат четири“, напиша Мими покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....