16:59 - 11 април, 2026

(ВИДЕО) КОНСТРАКТА со ТРИ РАЗЛИЧНИ настапи ПРЕД ЕВРОВИЗИЈА: Кој најмногу ви се допаѓа?

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, годинава ќе ја претставува Србија на Евровизија, но сè уште е под знак прашалник како ќе изгледа сценскиот настап. Таа ја воодушеви публиката со својот настап на Беовизија, а нејзината песна веќе помина над 13 милиони прегледи на Јутјуб.


Сепак, сè уште не се знае како ќе изгледа конечната верзија на настапот на Констракта на Евровизија.

Таа неодамна во Израел ја изведе својата песна „In corpore sano“ со поинаков настап. Облечена во црвен фустан пејачката излезе сама на сцената и нареди неколу пешкири. Потоа продолжи со традиционалното миење на рацете со сапун.

Констракта вчера настапи и на Хрватскиот јавен сервис со нова кореографија. Пејачката се појави на сцената со своите пратечки вокали кои овој пат ги миеа рацете во црвени легени заедно со пејачката. Ана беше совршено стилизирана со бели волуменозни панталони и бела кошула.

Настапите најмногу се разликуваат по некои детали и изгледот на сценографијата, а каква ќе биде конечната верзија на изведбата останува да видиме.

Кој настап од аспект на сценска изведба најмногу ви се допаѓа?

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....