01:50 - 12 април, 2026

(ВИДЕО) КИМ КАРДАШИЈАН НЕ СЕ ЗАБОРАВА: Канје со стихови се обидува да ја освои отуѓената сопруга

ким кардашијан, канје вест

Канје Вест не се откажа од Ким Кардашијан и надежта дека ќе го врати својот брак во живот.

Раперот, сега познат како „Је“ упати јавен апел до неговата отуѓена сопруга Ким Кардашијан, на настап со поранешниот „непријател“ и наново пријател Дрејк, на добротворниот концерт „Free Larry Hoover“ во четвртокот.

(ВИДЕО+ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО Е: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се во врска

За време на изведбата на неговата песна „Runaway“, Вест отстапи од главната активистичка порака на концертот и со грандиозен романтичен гест се обиде да ја инспирира својата сопруга да му се врати.

„Ми треба да дотрчаш назад кај мене“, рапуваше Вест, додавајќи нов стих на песната. „Поконкретно, Кимберли“. Гестот на Вест предизвика огромна реакција кај публиката.

Смелиот апел се случува неколку недели откако тој јасно даде до знаење дека сè уште се надева на помирување со Ким во сега веќе култното интервју.

(ВИДЕО) КАНЈЕ ВЕСТ НЕ САКА ДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД КИМ КАРДАШИЈАН: Раперот се отвори во интервју

Да потсетиме, Ким Кардашијан по четири деца и седум години брак поднесе барање за развод од познатиот рапер во февруари. Во меѓувреме таа започна врска со Пит Дејвидсон, а Канје беше забележан со моделот Винетриа.

(ВИДЕО+ФОТО) КАНЈЕ ВЕСТ ЗАБЕЛЕЖАН СО НОВА ДЕВОЈКА: Еден ден зборува за Ким, следниот излегува со Винетриа

 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....