20:21 - 11 април, 2026

(ВИДЕО) КАКОВ Е ЖИВОТОТ СО 21 ДЕТЕ: Запознајте го семејството Редфорд!

Во домот на семејството Радфорд никогаш не е здодевно.

Сју (46) и нејзиниот сопруг Ноел (50) од Ланкашир во Велика Британија се родители на Крис (32), Софи (26), Клои (25), Џек (23), Даниел (21), Мили (20), Лука (20), Кети (18), Џејмс (17), Ели (16), Еми (15), Олсен (13), Макс (12), Тили (10), Оскар (9), Каспер (8), Хали (5), Фиби (4), Арчи (3), Бони (2) и најмалата Хаида која оваа година ќе полни една годинка.

Фото: Фејсбук

Едно од нивните деца почина во јули 2014 година, момче кое го нарекоа Алфи.

Тие сè пазарат во огромни количини, вклучително и купување облека за децата. Мајката Сју вели дека го обожава малопродажниот ланец Примарк познат и многу популарен за облека, обувки и додатоци по многу ниски цени и солиден квалитет. Во шопинг оди само со нејзините постари ќерки, бидејќи би настанал хаос доколку ги земе сите деца. Потоа тие купуваат сè што им треба за секој член на семејството.

– Девојките само ги земаат корпите, ставаат еден куп работи и ме оставаат да платам за сето тоа – рече таа на нивниот семеен канал на Јутјуб каде и преку видео може да погледнете како изгледа тој шопинг, што купиле и за кого.

Погледнете како изгледа тоа:

Семејството неодамна повторно се зголеми откако нивната ќерка Мили го роди своето прво дете – Офелија, што значи дека Сју и Ноел се среќни баба и дедо на шест внуци.

Роденденските прослави се многу чест настан во ова семејство.

Целото семејство, вклучувајќи ги Мили и Офелија, живеат во поранешен дом за стари лица, кој има десет спални.

Приватниот бизнис со пекари на Ноел е нивниот главен извор на приход, пренесува The Sun.

На видеата во прилог можете да видите уште неколку интересни моменти од нивниот живот:

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....