03:18 - 5 септември, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се смирија по разводот — тој ѝ дојде на роденден, неговата нова девојка го отследи од Инстаграм

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша го прослави својот роденден во интимна атмосфера, во друштво на најблиските, а меѓу гостите беше и нејзиниот поранешен сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

На социјалните мрежи се појави видео од прославата на кое Карлеуша и Тошиќ седат еден покрај друг додека присутните ѝ ја пеат роденденската песна. Душко им се придружува на гостите, плеска во ритамот и насмеано ја следи прославата.

На семејното собирање биле присутни и нивните ќерки Атина и Ника. Токму тие, според пишувањата на српските медиуми, наводно се главната причина поради која поранешните сопружници решиле да ги остават несогласувањата зад себе и да воспостават подобар однос.

Како што се наведува, Карлеуша и Тошиќ се договориле заеднички да им организираат голема роденденска прослава на своите ќерки на 17 септември. Атина и Ника се родени на ист датум, со една година разлика, а годинава Атина ќе го прослави 18. роденден, додека Ника ќе наполни 17 години.

Заедничкото појавување на Карлеуша и Тошиќ предизвика големо внимание по нивниот турбулентен однос во изминатите години, исполнет со јавни несогласувања и меѓусебни обвинувања. Иако засега нема потврда дека станува збор за љубовно помирување, снимката од роденденот ги поттикна шпекулациите дека нивните односи значително се подобриле.

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ / Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Дополнително внимание привлече реакцијата на Нора, девојката со која Тошиќ беше поврзуван во изминатите месеци. Откако снимката од роденденот се појавила во јавноста, таа наводно го отследила поранешниот фудбалер од Инстаграм.

Овој потег веднаш ги поттикна шпекулациите во регионалните медиуми дека нивната врска можеби завршила. Засега ниту Тошиќ ниту Нора јавно не се огласиле за овие наводи.

Слични објави

Тони Цетински се појави на суд: Аферата со лажните ковид-потврди наскоро добива епилог!

Еспресо

Сузана Манчиќ за љубовта со Иван Гудељ: „Беше најпосакуваниот ерген во Југославија“

Т.Ц.

Миа Костова повторно реагира за жешките училници: „Да не јадевте гурабии пред две години, ќе ги климатизираа сите“

Еспресо

Ана Николиќ влегува во „Елита 10“: Ги поставила овие услови, а хонорарот е неверојатен

Еспресо

„Секогаш позитивен, енергичен, полн со живот, полн со љубов“ – Во Струмица ќе се подигне спомен-обележје за тапанарот Џоко од ДНК, кој загина во пожарот во Кочани

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ се испоти во теретана! Фолкерот се соблече, а жените останаа без здив!

Еспресо
Се вчитува....