3.8 C
Скопје
13:28 - 23 декември, 2024

(ВИДЕО) ГО ПРЕЖИВЕАЛА ХОЛОКАУСТОТ, А ДЕНЕС Е ПОПУЛАРНА НА „ТИКТОК“: Баба Лили со помош на својот внук раскажува како ги преживеала месеците минати во Аушвиц

Социјалната мрежа „ТикТок“, покрај бројните видеа како млади луѓе ширум светот танцуваат, вежбаат или споделуваат забавни содржини може да послужи и за едукација и споделување на многу поважни информации. Овој пат една баба и нејзниот внук, ја искористија моќта на оваа социјална мрежа да споделат едно животно искуство со милионите следбеници на „ТикТок“.

@lilyebert 👋 Tiktok, have a nice weekend and Shabbat shalom ❤️ #tiktokgrandma #holocaustsurvivor #98yearold #haveaniceweekend #weekendvibes #strongwoman #greatgrandma #greatgrandson #survivor #viral #shabbat #shabbos #shabbatshalom #jew #jewish #jewishtok #forjewtok #hungarian #love #family ♬ Love Grows (Where My Rosemary Goes) – Edison Lighthouse


Лили Еберт, преживеана од Холокаустот, денес е популарна на „ТикТок“. Нејзиниот профил го следат 1,7 милиони корисници, а видеата на кои 98-годишна жена зборува за тоа како преживеала четири месеци минати во Аушвиц имаат милиони допаѓања.

@lilyebert It was the hell. I didn’t think that I would survive 💔 #holocaustsurvivor #98yearold #holocaustmemorialday #learnontiktok #survivor #strongwoman #viral #askontiktok #concentrationcamp #hell #history #neverforget #jew #cbsmornings #cbs #inspirational ♬ Clair de lune/Debussy – もつ


Нејзиниот 18-годишен правнук Дов Форман ѝ помага околу објавите. Сè започнало 2020 година, за време на карантините.

„И кажав на мојата прабаба дека други стануваат хит на интернет поради танцувањето, на пр., па зошто ние да не можеме со споделувањето на овие навистина важни пораки“, рече Форман, цитиран од Си-би-ес.

Лили вели дека би сакала светот да ја знае нејзината приказна.

„Не бев сигурна дали ќе преживеам. Чудо е што сум овде, но си ветив себеси дека колку и да живеам и што и да правам, ќе ја раскажам мојата приказна“, вели таа.

Лили и Форман, исто така, ја напишаа книгата „Lily’s Promise: How I Survived Aushwitz and Found Strength for Life“, со предговор на принцот Чарлс, пренесува „Индекс“.

@lilyebert Lily told Prince Charles: ‘Meeting you, it is for everyone who lost their lives.’ ❤️ #holocaustsurvivor #portrait #painting #buckinghampalace #princecharles #survivor #98yearold #holocaustmemorialday #neverforget #history #royalfamily ♬ Van Gogh – Virginio Aiello & On Piano


Еберт имала 20 години кога ја одвеле во Аушвиц. Била ослободена од американските трупи во 1945 година. Потоа минала една година во Швајцарија, па 1946 се преселила во Израел. Во 1967, таа емигрирала во Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Самуел, каде што ги раскажувала ужасите на Холокаустот. Денес живее во северен Лондон, мајка е на три деца, баба на 10 внуци, а има и дури 35 правнуци.

@lilyebert I was A-10572. A number, not a person. 💔#holocaustmemorialday #learnontiktok #holocaustsurvivor #strongwoman #survivor #98yearold #neverforget #history #tiktokgrandma #homesecretary #togetherweachievemore #tattoo ♬ original sound – Lily Ebert & Dov Forman

Слични објави

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо
Се вчитува....