5.8 C
Скопје
05:53 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ТАЖНИОТ КИЈАНУ: Ривс ја објаснува приказната зад култното интернет меме

Мемињата, кои се фотографии со порака, веќе станаа дел од начинот на кој се изразуваме на социјалните мрежи. Кијану Ривс во интервју со Стивен Колбер на „The Late Show“, ја откри приказната за фотографија „тажниот Кијану“,  која корисниците на социјалните мрежи многу ентузијастично ја користат со години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oggi (@oggisettimanale)

На фотографијата, Кијану Ривс седи на клупа и изгледа тажен и замислен додека јаде сендвич. Во духот на мемињата, сликата со години се споделува низ социјалните мрежи со безброј натписи како начин да се изрази големата тага од страна на споделувачот.

Во интервјуто, Колбер прашува дали има некоја поврзаност меѓу ликот од новите стрипови „BRZRKR“ на Кијану и интернет мемето. Ривс е прилично изненаден што сликата предизвика толкаво внимание, бидејќи не се сеќава дека во моментот се чувствувал толку тажен. Всушност, ѕвездата на Џон Вик признава дека имал „некои работи“ на ум, но тој главно само се обидувал да го задоволи својот глад незнаејќи дека некој фотограф чека во близина.

Само јадам сендвич, човеку. Добро, размислував. СЕ СЛУЧУВАА НЕКОИ РАБОТИ. Бев гладен, рече Ривс во интервјуто.

(ФОТО) СЕКОЈ САКА ВАКОВ КОЛЕГА: Кијану Ривс на каскадерите од „Џон Вик“ им купи „Ролекс“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....