17:29 - 10 ноември, 2026

ВИДЕО+ФОТО: Славниот рапер за 80-от роденден на својата мајка и подари милион долари и луксузно Бентли

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) на својата мајка Џенис за 80-от роденден и подари еден милион долари и луксузно црно Бентли...

На својот Инстаграм профил тој ја објави нејзината фотографија и ѝ посвети емотивен статус.

„Постојам поради оваа убава, грижлива, полна со љубов, забавна, таа која секогаш ми ја говори вистината, паметна и апсолутно неверојатна Кралица! Најдобрата мајка на светот! Те сакам засекогаш!“, напиша раперот и додаде дека неговата мајка и покрај тоа што има 80 години изгледа фантастично без филери и уредување.

Тој покажа и колку неговата мајка се воодушевила од автомобилот Бентли.

Фото: Инстаграм

Страницата „Got That Hip Hop“ на Твитер објави дека покрај луксузниот автомобил Џенис добила и чек од милион долари.

Инаку, на истиот ден, 21 декември, се родени и ќерките на Паф Деди, близначките Џеси и Д`Лил.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....