02:08 - 2 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ЛИЛА и СПАСЕ ЗАВЕАНИ во Маврово: „Рола до бола“ се фати за лопата да ја „спаси“ водителката

Нашата познатата водителката и инфлуенсерка, Лила Стојановска, редовно на својот инстаграм – профил споделува интересни фотографии и видеа. Храна, прекрасни дестинации, модни комбинации како и прекрасни моменти поминати со пријателите и семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Водителката секоја слободна прилика ја користи да отпатува дали во земјава или надвор од границите, а со тоа ги полни батериите за новите работни обрски и животни предизвици. На неколку недели или неколку дена, со повод или без, куферот на Лила е секогаш подготвен, а нејзиниот инстаграм – профил е како разгледница.

Викендов Лила, заедно со својот пријател и долгогодишен соработник Спасе Јовановски отпатуваа во Маврово. Едно е сигурно и двајцата не очекуваа толку многу снег кој успеа да ги завее и секако да им го отежне движењето. Сепак, Лила додека уживаше во снежната идила, Спасе се фатил за лопатата да рине снег.

„Кој би рекол дека оној со лопатата е нашата ѕвездетина Спасе. Беше да ја одглавуваат колата, овде сè е завеано. Веројатно ќе останеме уште“ – вели Лила во видеото кое го сподели со своите фанови.

Бидејќи Спасе беше многу храбар и вреден, Лила е „спасена“.

„Ајде, одглавени сме“ – довикна Спасе носејќи ја лопатата на рамена.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....