Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.
View this post on Instagram
Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.
View this post on Instagram
По подолга пауза Стефан повторно не изненади со уште неколку маестрални трансформациии инспириран од јавните личности, како балканските земји, така и од светот.
View this post on Instagram
Неодамна Стефан не изненади со уште неколку маестрални трансформациии инспириран од јавните личности, како балканските земји, така и од светот.
View this post on Instagram
По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена шминкерот денес не изненади со уште една неверојатна транфрормација.
View this post on Instagram
Стефан како Харис Џиновиќ, благодарение на неговите вешти раце повторно предизвика воодушевување кај фановите. Доколку би го сретнале на улица, сигурно би помислиле дека Стефан е брат близнак на пејачот. Транформацијата е маестрална.