08:34 - 7 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) БЕЗОС „РЕПЕТИРАН“: Со загрозена машкост „на шега“ му се заканува на Леонардо Дикаприо по инцидентот со девојка му Лорен

Последниве денови на социјалните мрежи кружи видео во кое Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос, „жеднее“ по актерот Леонардо Дикаприо.

Видеото е снимено на 10-тата гала на „LACMA Art + Film“, каде што Лорен и Безос го запознаваат актерот и Лорен е очигледна обожавателка. Однесувањето на Лорен, кое алудира на очигледна привлечност кон актерот предизвика лавина од коментари по социјалните мрежи во кои се доведува самата врска помеѓу неа и Безос во прашање. Интернет троловите го почестија милијардерот со многу шеги и досетки кои очигледно ја загрозиле неговата машкост.

Па, по ваквата жестока и подбивачка интернет реакција, Безос на шeга (или не), објави на „Твитер“ фотографија во која вели:

„Лео, дојди тука, сакам да ти покажам нешто…“ и на истата стои со голи и „репетирани“ раце потпрен на натпис на кој се чита: „ОПАСНОСТ! Стрмна карпа, фатален пад“.

Се разбира дека оваа фотографија само истури бензин врз веќе агресивниот оган и троловите продолжија да ги полнат коментарите со шеги на сметка на Безос.

„Ни со целото богатство на светот не можеш да купиш женско срце“, „Говорот на телото никогаш не лаже“, „Лео ја украде твојата девојка“, се само дел од коментарите на „Твитер“.

(ФОТО) ЏЕФ БЕЗОС, НАСМЕАН И ВЉУБЕН: Милијардерот заедно со саканата Лорен позираше зелениот тепих на „LACMA Art + Film“

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....