13:58 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) ЕМОТИВНА БАЛАДА СО МОЌЕН ТЕКСТ: Боби има нова песна – „Калдрма“ е чиста емоција

боби павловски

„Калдрма“ е насловот на новото музичко парче на Боби Павловски, кое неполни два часа од пуштањето во етерот не само што ниже прегледи, туку и позитивни коментари. Станува збор за емотивна балада со моќен текст кој е преточен во одлична видеоприказна за која кадрите се снимени во Белград.

Зад песната која е продолжение на серијалот, инаку најава за албумот што е следната музичка цел на Павловски, како автор на музиката и текстот стои Љубинко Танасиќ. Аранжманот и овој пат е дело на Милан Раѓен, а нов соработник му е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по бројните хитови и особено фантастичниот дует со Аца Лукас. Видеото и овој пат е работено со одличната екипа на Tropical Lifeisfun и режисерот Љуба Радојевиќ.

„Горд сум на целиот овој проект што го работам веќе некое време и навистина едвај чекам да го заокружам и на јавноста да ѝ го претставам целиот албум. Пред тој да го здогледа светлото на денот во план ми е да пуштам уште три нумери, од кои едната ќе биде дует. Инаку, морам да признаам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми беше понудена и не ми е срам јавно да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир – плачев“, вели Боби, кому баладите му се омилени затоа што, вели, будат посебна емоција не само кај него, туку и кај публиката.

Уживајте во „Калдрма“ и не заборавајте таа памети се, чува спомени… И сакајте безусловно и чувајте ги оние кои ги сакате затоа што никогаш не знаеме што е богатство додека не го загубиме.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо
Се вчитува....