13.8 C
Скопје
21:14 - 2 ноември, 2024

(ВИДЕО) ДЕЦАТА НА АЛЕК БОЛДВИН ПЛАЧАТ ВО КОЛА: Актерот храбро застана пред папараците со сопругата

Откако се случи шокантниот и немил настан на снимањето на филмот „Rust“, каде Алек Болдвин случајно но кобно ја застрела кинематографката Халина Хачинс, јавноста е непрестано жедна за нови детали околу истрагата. Папараците постојано го следат актерот, и Болдвин конечно се соочи со нив и се обиде да им одговори на дел од прашањата.

Алек Болдвин храбро застана пред папараците кои ги следеа него и неговото семејство за да ги пресретнат со нетрпеливи прашања. Додека неговите деца беа во автомобилот, Алек застана пред нив и континуирано ги прашуваше кое е следното прашање, додека повторуваше дека не може и не смее да споделува детали за настанот бидејќи се работи за истрага која е во тек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC7 Eyewitness News (@abc7la)

„Што уште имате (да прашате)?“, континуирано повторува Болдвин застанат пред папараците.

Во видеото кое вирално се појави на сите американски медиуми Болдвин храбро изјави дека Халина Хатчинс, име кое новинарите кои го следат треба да го знаат кога веќе толку долго го следеле за да добијат изјава, била негова пријателка која тој ја однел на вечера првата вечер кога пристигнал за снимањето.

„Не смеам да коментирам за истрагата, тоа е активна истрага, за жена што почина! Таа беше моја пријателка!“, емотивно говори Болдвин пред камерите на папараците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CinefiloCl (@cinefilocl1)

Алек јасно изјавува дека нетрпеливо ги чекаат заклучоците од истрагата кои ќе ги изнесат официјално од страна на полицијата во Санта Фе. И додека неговата жена Хиларија разбирливо стои покрај него со одбранбен став дека „нема да се споделат детали“, во обид да го заштити да не настрада заради изнесување детали при одговарање на дел од прашањата, тој сосема стабилно ѝ вели:

„Те молам направи ми услуга, јас ќе одговарам на прашањата“

Алек изјави дека е во постојан контакт со мажот на Халина, и се загрижени за неговото семејство и нејзиниот 9-годишен син кои се во шок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by F5 da Folha (@sitef5)

Нема ниту чувство ниту размислување за тоа дали би можел да продолжи да глуми во сцени во кои би требало да користи огнено оружје, но јасно застанува заинтересирано зад можноста да важат нови ревидирани правила за употреба на вистински огнени оружја во снимање на холивудски филмови.

„Колку куршуми се испукани во последните години на снимања на филмови? Милијарди, ова е Америка!“, продолжува Болдвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by United Front (@unitedfrontintl)

Повторува дека иако постојат доста несреќни случаи за време на снимања на филмови, оваков немил настан е еден во трилион и кога ќе се случи вака „ужасно и катастрофално нешто“ мора да се преземат мерки.

„Мора да разберете дека јас не сум експерт за ова, но е итно да се превземе нешто за да ја лимитира употребата на огнено оружје на снимања“

Слични објави

Поради пораката на ќерката на Карлеуша за девојчињата кои загинаа во Нови Сад, многумина ќе плачат: „Кој ќе одговара?“

Еспресо

Внука на познатата српска пејачка е меѓу загинатите во страотната несреќа во Нови Сад

Еспресо

(Фото) Нема да ви се верува! Сузана Манчиќ со една фотографија предизвика бура на социјалните мрежи

Еспресо

„Длабоко сум потресена, моите мисли се…“: Брена скршена од трагедијата во Нови Сад, објави потресна порака

Еспресо

Хороскоп за 2 ноември: Девиците ќе го шармираат љубовниот партнер, Близнаците ќе бидат иритирани од некоја личност

Еспресо

„Нè натера да гледаме спот на Џенифер Лопез“: Поранешен модел проговори за бизарните забави на Диди

Еспресо
Се вчитува....