14:55 - 27 ноември, 2026

(Видео) Цеца ги однела сестра си и снаата во Дубаи: Женското друштво ужива покрај базен

Музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отпатува во Дубаи со женскиот дел од своето семејство, сестрата Лидија и снаата Богдана и покажа како тие уживаат.

Цеца замина во Дубаи, а причината е спектакуларниот концерт кој ќе го одржи утревечер на 15 ноември во луксузниот хотел со 5 ѕвезди „Ramee Dream“.

Но, Цеца ова патување, освен работно, најверојатно ќе го помине и во уживање, па си понесе и друштво – но изгледа исклучиво женско, снаата и сестра ѝ.

Таа на Инстаграм веднаш покажа како го поминува времето со нив двете. Трите наздравија покрај базенот.

Лидија и Богдана носеа шарени лелеави фустани и не ги симнаа очилата.

– Тие почнаа да уживаат, а јас ќе го правам ова бидејќи ме чека концерт – рекла Цеца и ги покажала салатата и водата.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....