08:08 - 7 април, 2026

Вереникот на Сораја е оженет и има 4 деца? Испливаа деталите за маркантниот Русин

Љубовниот живот на Сораја веќе со години е мистерија, а тоа и би останало така ако во Москва не ја посетеше нејзината најдобра пријателка Ана Корач. Таа на Инстаграм покажа како ужива со другарката која долго не ја видела, а и на сите гордо им го претстави долго криеното момче на Сораја.

Корач објави фотографија проследена со реченица која јасно укажува дека човекот на фотографијата е во врска со Сораја.

„Конечно и јас да го запознаам зетот, напишала Ана и ја означила Сораја, со што привлече огромно внимание на јавноста.

Soraja Vučelić

Човекот на сликата е 39-годишниот Курбан Омаров, познат руски блогер и бизнисмен, кој е многу популарен на друштвените мрежи со оглед на тоа што на Инстаграм го следат повеќе од 2,5 милиони луѓе, пишуваат српските медиуми.

Сопственик е на неколку успешни компании, основач на еден популарен Јутјуб канал каде што се емитувало и неговото реално шоу, а се вбројува во триесетте најпознати руски блогери на Инстаграм.

Со сите овие референци од неговата биографија Сораја би можела и да се фали, само Курбан да не е оженет и да нема четири деца.

Богатиот Русин има син и три ќерки, зад себе има еден пропаднат брак, а во 2015 година се оженил со познатата руска ТВ водителка и глумица Ксенија Бородина, со која според мноштвото заеднички фотографии на друштвените мрежи, има идиличен брак.

Останува да се дознае дали токму тој е дечкото на Сораја или приказната на социјалните мрежи е обелоденета само поради медиумско внимание.

View this post on Instagram

Привет Питер ?

A post shared by Ксения Бородина (@borodylia) on

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....