07:47 - 10 јануари, 2026

Ведрана Рудан: Диетата на Ѓоковиќ е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА

Хрватската писателка и официјално се откажа од Новак Ѓоковиќ. Таа порано навивала за него, иако не разбира тенис, но ѝ се допаѓало што победува.

Силно му верувала, а потоа ја разочарал.

На својот блог објавила писмо со наслов „Ѓоковиќ е лажливец“, на тема на неговата исхрана.

Ви пренесуваме делови од нејзиното обраќање:

„Зошто веќе не го сакам Ѓоковиќ? Имав проблеми со вишокот килограми. Сите знаете како тој изгледа, а јас не знаев со што се храни. Пребарав и дознав дека на 190 висина има 80 килограми. Јас со моите 177 имав 80, па си помислив, можеби ако само го послушам… Добра е таа бројка.

Налетав на рецептите. Без глутен, риба, бадеми, манука мед… Тргнав да купувам. Килограм манука мед е 600 куни, авокадо 20 куни, крекери без глутен 17 куни, органски путер 30 куни и тоа со краток рок на траење. Бадеми за уќина, 100 грама 20 куни.

За ручек туна, 30 евра, купена на рибен пазар. 240 грама оризови нудли 15 куни. Органски тестенини 250 грама 34 куни. Дневно јадев барем по 500 грама.“

Таа на диетата на Ѓоковиќ издржала две недели. Тврди дека наместо да слабее, всушност покачила килограми.

„Да е тој чесен, би ми пратил топче со потпис, па да го продадам и да го покријам минусот од тие негови авокада и безглутенски риби. На сајт ја понудив теглата манука мед за 400 куни. Може некој ќе ја купи. А јас со Ѓоковиќ – толку.“

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....