14:37 - 30 јануари, 2026

Васил Гарванлиев и покрај тоа што е позитивен, си го прослави родененот: Чуствувам колку е јак вирусот!

Триесет и шестиот роденден, пејачот Васил Гарванлиев по се изгледа ќе го памети целиот својот живот, бидејќи веруваме дека ниту на сон не помислил дека може да го прослави во невообичаени околности.

Имено, познатиот пејач е веќе неколку дена заразен со коронавирусот, па поради тоа мораше да прослави сам во својот дом во Струмица.

Се разбира, на роденденската забава не присуствувал никој, освен Васил. Тој дури од неговата мајка добил и подарок – торта која била во форма на вирусот.

Екипата на „Слободен Печат“ го контактираше познатиот пејач и го праша како ги поминува деновите во изолација.

– Секој ден сум подобар. Освен тоа што немам мирис, се друго е тип- топ. Фала му на Господ што вежбав шест пати неделно и тоа што внимавам на храна, така да имунитетот ми е јак – ама пак чуствувам колку е јак вирусот – изјави Васил.

Тој вели дека поради вирусот се чуствува „исцеден“, односно омалаксан, но дека започнал да вежба Јога и сега има повеќе сила.

Васил има и порака до сите оние кои не внимаваат, но тие што внимаваат:

– Внимавај прво поради себе! Поради стигмата околу вирусот многумина лажат и прикриваат симптоми. Јас токму затоа го ставив позитивниот тест/резултат на Инстаграм – одговорноста е наша. Моментот кога почуствував нешто се затворив сам дома, а се тестирав дури 5 дена подоцна. Прво мислев дека е обична настинка, ама кога го снема мирисот знаев. Сакај се, цени се и грижи се за себе – така ќе помогнеш на сите околу тебе – порачува познатиот пејач.

Инаку тој вели дека сепак не е ова првпат да го прослави својот роденден сам.

– Се сеќавам кога бев под договор на страна често бев сам во хотел, но вчера беше специјален ден. Бев сам, но не бев сам. Прекрасни пораки, видеа, зоом забави, од децата во шарениот мачор, до корона торта на тераса, пораки од фанови. Едно знам, коронски роденден со корона…Нема да заборавам! Ќе го надмиеме ова, мора – завршува тој.

Слични објави

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо
Се вчитува....