16:54 - 29 ноември, 2026

Турската инфлуенсерка Нихал Кандан почина на 30 години, имала само 23 килограми

Една од најпопуларните инфлуенсерки во Турција, Нихал Кандан, почина на 30 години по тешка борба со анорексијата.

Локалните медиуми објавија дека таа тежела 23 килограми во моментот на смртта, а изгубила 37 килограми во последните две години, а починала  поради срцев застој додека била на лекување во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nihal Candan (@nihalcandann)


Веста за нејзината влошена состојба прва ја сподели модната дизајнерка Пинар Керимоглу, која напиша:

„Ја повикав Умут и ја прашав како е. За жал, срцето на Нихал повторно застана.Тие ја реанимираат во моментов.“

Но само неколку минути подоцна инфлуенсерката Сила Догу ја објави смртта на Кандан неколку моменти подоцна. Членовите на семејството се збогуваа со неа на социјалните мрежи.

Кандан стана позната во 2014 година благодарение на учеството во реалното модно шоу „Bu Tarz Benim“. Таа почна да објавува содржини поврзани со модата и убавината на социјалните мрежи и стана една од најпопуларните инфлуенсерки за животен стил во Турција. Таа собра речиси 900.000 следбеници на Инстаграм.

Слични објави

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.
Се вчитува....