05:18 - 6 април, 2026

„Тој не претера!“ – Клуни застана во одбрана на Том Круз, откако тој се закануваше со откази на снимањето на „Невозможна мисија 7“

Џорџ Клуни наведе дека разбира зошто Том Круз и викал на филмската екипа од „Невозможна мисија 7“. Да се потсетиме, Круз излезе од контрола и буквално збесна зошто не се почитуваат мерките за коронавирусот, па на филмската екипа и се закани дури и со откази.

Во интервјуто кое го даде за водителот Хавард Стерн, Клуни смета дека Том не реагирал несоодвтно и дека неговата реакција била толку бурна бидејќи всушност се работи за здравјето.

„Тој не претера… Разбирам зошто така реагираше“, го одбрани Клуни колегата Круз, бидејќи дошло до пропусти и Том со право имал така бурна реакција.

Џорџ Клуни објасни дека сепак тој малку поинаку, помирољубиво би се обидел да го реши таквиот проблем.

„Луѓето конечно мора да сфатат дека е потребно да бидат одговорни“, додаде Клуни.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....