30.4 C
Скопје
11:04 - 28 јули, 2026

Тој е најбогатиот пејач во регионот, „тежи“ 100 милиони долари!

Босанскиот пејач Един Дервишалидовиќ, познат во јавноста како Дино Мерлин, денес се смета за еден од најбогатите музичари во регионот.

Според проценките на порталот Celebrity Net Worth, неговото богатство е околу 100 милиони долари. Таа информација го привлече вниманието на јавноста бидејќи се наведува дека Дино Мерлин е за околу 80 милиони долари побогат од својот познат колега Здравко Чолиќ, кој исто така ужива голема популарност.

Сепак, неговиот пат до успехот бил далеку од лесен – обележан со сиромаштија, тешки услови за живот и рано работно искуство.

Дино Мерлин е роден на 12 септември 1962 година во Сараево, а детството го поминал во скромни услови, каде што многу рано почнал да работи за да му помогне на семејството. И покрај тоа, музиката и гитарата останале негова најголема страст.

Татко му бил столар, а мајка му била жена која сама се грижела за семејството откако неговиот татко го напуштил домот.

– Мојот татко беше столар, а мајка ми беше була, односно муслиманска свештеничка. Имав тешко детство, татко ми го напушти семејството кога имав седум години, а сестра ми Амина имаше пет. Мама се трудеше да ни даде сè што беше во нејзината моќ, така што сепак, не оскудевавме премногу. Имав велосипед, половни скии и јаболко секоја вечер пред спиење, што е, всушност, доста. Многумина во тоа време дури и тоа го немаа.

Денес, кога заслужено ужива во луксузот, Мерлин повремено се соочува со критики на сметка на неговиот материјален статус.

Одговарајќи на прозивките за неговото богатство, тој не се двоумеел да се потсети од каде започнал:

– Живеевме тежок живот и немав можност да одам на море. Сега кога сè дојде на свое место, можам малку и да пловам. Немам никаква грижа на совест, ниту поради бродот што го имам, ниту поради мојата љубов кон морето.

По децении успешна кариера, Дино Мерлин наоѓа мир во својот долгогодишен брак со сопругата Амела, со која има две деца – синот Хамза и ќерката Амела.

 

 

 

Слични објави

Марта Савиќ и Миле Китиќ уживаат во новата вила од над 300.000 евра

Е.А.

„Не знаеме да го чуваме најголемиот“: Другарот на Тоше разочаран по најавата за седумдневната програма во чест на Оливер Драгојевиќ

Еспресо

Синот на Иван Маринковиќ и Миљана Кулиќ полни 8 години

Е.А.

Хороскоп за 28 јули: Стрелците ќе добијат понуда за брак, Водолиите ќе уживаат во страста

Еспресо

(Фото) Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ заедно на летување: Исплива фотографија, блескаат од среќа

Еспресо

„Шарлиз Терон го обожаваше моето јагнешко, а Ал Пачино ме пресече со два збора“ – приказни од холивудските денови на Раде Шербеџија

Т.Ц.
Се вчитува....