3.8 C
Скопје
01:41 - 20 март, 2026

Тесните панталони со скинат патент и јакната од филмот „Брилијантин“ продадени за неверојатна сума

Тесните црни панталони и кожната јакна кои австралиската глумица Оливија Њутн Џон ги носеше во филмот „Брилијантин“ се продадени за 405.000 долари на аукцијата организирана во саботата на Беверли Хилс во аукциската куќа „Julien’s Auctions“.

Облеката, која го симболизираше преминот на ликот што го глумеше австралиската глумица од средношколка во секси Сенди, била понудена заедно со 500-те предмети од филмот на аукцијата, чија цел било прибирање средства за центарот за лекување на заболените од рак во Австралија.

„Озлогласените“ тесни панталони кои Оливија ги носеше, биле толку тесни што морале да бидат сошиени на неа пред снимање на сцената и продадени се со скинат патент за двојно повисока сума од што се очекувало. Името на купувачот кој ги купил не е откриено.

Image result for Grease auction

На аукцијата се собрани 2,4 милиони долари, а повеќето предмети се продадени за повисок износ од што се очекувало, објавила аукциската куќа.

Постерот „Брилијантин“ со потписи на Оливија Њутн Џон, Џон Траволта и останатите глумци од филмот е продаден за 64.000 долари, а се проценувало дека ќе донесе 1.000 долари.

Розовиот чипкаст фустан кој глумицата го носела на премиерата на филмот во Лос Анџелес продаден е за 18.750 долари.

Розовата јакна која глумицата ја добила од останатите глумци и персоналот што работел на филмот пордадена е за 50.000 долари, што е повеќе од очекуваниот износ.

Австралиската глумица која има 71 година, на почетокот на годината објави дека се бори со ракот на дојката третпат, откако првпат и е дијагностицирал во 1992 година.

По првиот пат помогнала во подигнување на центарот „Olivia Newton-John Cancer and Wellness“, кој им помага на заболените од рак на дојката во лекувањето.

Rex

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....