8.8 C
Скопје
19:09 - 19 март, 2026

Тамара ненајавена во ревијалниот дел на „Макфест“

Тамара Тодевска, иако ненајавена во програмата на фестивалот, учествуваше во ревијалниот дел на „Макфест“.

На Инстаграм објави дека овие моменти ја потсетиле на нејзиниот прв настап на „Макфест“ пред 28 години, кога на бината се појави заедно со Маријана и Росана.

„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана го имав својот прв настап на „Макфест“. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема? и одговорив.
Денес, по неколкугодишна пауза повторно настапувам на „Макфест“, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука, а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија“, напиша Тамара.

По нејзиниот настап во ревијалниот дел на фестивалот, на Твитер почнаа да се нижат коментари и нагаѓања дали нејзиниот настап се чувал во тајност откако македонската јавност остро реагираше кога во Американската амбасада Тамара изостави еден дел од македонската химна, или дека ова беше изненадување за публиката во Штип.

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо

(Видео) „10 кг плус, истрижена кратко и анксиозна“: Поранешната снаа на Кеба за разводот од Игор Којиќ

Еспресо

Бившата на Аца Лукас го прослави 50. роденден: Соња Вуксановиќ изгледа одлично, годините не ѝ можат ништо

Еспресо
Се вчитува....