02:03 - 12 ноември, 2026

Тајни од бракот на Лепа Брена: Боба ме запроси „мртов“ пијан, а татко ми веднаш ме даде!

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ сè повеќе од 20 години во брак, а фолк-пејачката открива дека на нејзиниот сопруг му требал жесток пијалак за да ја запроси.

Некогашниот најдобар тенисер имал ужасна трема кога требало да ја побара раката на Брена од нејзиниот татко. Таа открива дека Боба бил мртов пијан кога одлучил да оди кај нејзиниот татко и да ја побара за жена.

Фото: Инстаграм

– Боба сакаше да се венчаме. Јас имав само еден услов, да ме запроси по старите обичаи, но тој не го исполни тоа бидејќи имаше огромна трема. Се најдовме на музички фестивал во Германија. Бобан за да ја намали тремата, испи пола шише алкохол, а потоа ја побара раката од татко ми. Кога Боба ме запроси, татко ми само кажа: ‘Деца, нека ви е со среќа!’. Подоцна, кога го прашав татко ми зошто не направи онака како што му кажав, тој ми одговори: ‘Ќерко, мислев дека никогаш нема да се омажиш – изјави Брена во 1990-тите.

Таа уште тогаш знаела дека никогаш нема да се разведе од Боба, па нејзината претпоставка излезе како точна.

Фото: Инстаграм

Брена тогаш истакна дека ништо не ѝ е поважно од бракот, па дека нејзиниот сорпуг треба да направи нешто ужасно за да го остави.

– Семејството за мене е нешто свето. Така е од првиот ден на бракот. Никогаш не би се развела, освен ако дознам дека Боба не ме сака и не почитува. И двајцата сме силни личности, па започна прилагодувањето. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, тоа наше прилагодување го следија и медиумите бидејќи стнаува збор за две познати личности. Се трудевме да бидеме одговорни и да се сакаме. Не ни беше лесно – вели фолк ѕвездата.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....