13:27 - 27 ноември, 2026

ГОТОВО Е, А МОЖЕБИ И НИКОГАШ НЕ ЗАПОЧНАЛО: Крај на врската на Ирина Шајк и Канје Вест

Моделката Ирина Шајк и музичарот Канје Вест беа едни од најозборуваните како пар во последно време. Нивната наводна љубовна врска се родилa мината пролет, но сега веќе се зборува за крај, односно збогување на двете ѕвезди.

„Готово е, а и можеби никогаш не ни започнало. Никогаш немало ништо значајно меѓу двајцата “, рекол анонимен извор за „Us Weekly “.

Друг извор пак, подеднакво анонимен, ги открил намерите на наводните љубовници:

„Тие се забавуваа неколку месеци, ама тајно. Тие сè уште се запознаваат. Канје отсекогаш мислеше дека Ирина е убава, но и двајцата се решени прво да сфатат каде би ги одвело ова“, објаснил изворот близок на парот.

Канје Вест, во јуни, изгледаше подготвен да ги преболи тешките години што кулминираа со развод од Ким Кардашијан. Но, нешто, со Ирина Шајк, не одеше како што треба. Манекенката, поранешна на глумецот Бредли Купер и фудбалерот Кристијано Роналдо, наводно сфатила дека Канје „многу не вреди како партнер“, додал изворот.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....