01:31 - 2 април, 2026

СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА: Јас и Атиџе сме добри и безбедни, сочувствуваме со настраданите во трагедијата

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, кога се запали автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

По тешката сообраќајна несреќа, многу загрижени луѓе од сите страни на светот, се јавуваат на своите роднини и пријатели во Македонија, а кои овие денови патувале на оваа релација, за да дознаат дали се добри и безбедни.

(ФОТО) АТИЏЕ И СУЗАНА ВО ИНСТАБУЛ: Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994 година со својот татко

Меѓу нив, е и пејачката и водителка Сузана Турунџиева која со Атиџе Муратова деновиве престојуваше во Истанбул, Турција.

Како што вели Сузана во изјавата за „Слободен печат“, тие во исто време се враќале од Истанбул, кога се случила страотната трагедија, но Сузана и Атиџе патувале со автомобил, преку Грција.

Сузана вели дека бројни нејзини роднини и познаници, кога дознале за трагедијата во Бугарија, а знаејќи дека Сузана и Атиџе се враќаат истиот ден од Истанбул, загрижени и во паника непрекинато ја барале Сузана за да прашаат каде се и како се.

За да ја смири загриженоста и вознемиреноста кај луѓето, Сузана објави и статус на Фејсбук во која порача:

*Преземено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....