5.8 C
Скопје
01:37 - 1 април, 2026

Стриптизерката поднела тужба против Џенифер Лопез, бара неверојатни 40. 000.000 долари!

Саманта Барбаш тврди дека продукцијата на пејачката го искористила нејзиниот лик и дел без нејзина дозвола.

Џенифер Лопез (50) се најде на мета на негативни критики поради учеството во филмот „Hustlers“.

Продукцентските куќа на Лопез се соочуваат со тужба вредна 40 милиони долари, која против неа ја покрена Саманта Барбаш (47), по чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година.

Во документите кои се доставени на суд, пишува дека луѓето од продукцијата пред почетокот на снимањето и пришле на Саманта и побарале дозвола за снимање на филмот, како и да потпише договор дека се откажува од сите права. Таа ја одбила понудата.

Фото: Принтскрин

Филмот е правен по статија во „Њујорк Тајмс со наслов „Измамничките од Скор“, која детално ги опишува случките од животот на Саманта, со акцент на нејзината работа како стриптизерка во познатиот клуб „Скор џентламентски клуб“ во Њујорк.

Барбаш тврди дека продукцијата на пејачката го искористила нејзиниот лик и дел без нејзина дозвола. Таа смета дека покажувањето и тврдењето дека таа произведувала супстанци во својот дом, во кој живеела со детето е крајно навредливо и невистинито.

Во документите исто така стои дека постојат доволно докази дека ликот кој го толкува Џенифер Лопез се поврзува со ликот на Саманта Барбаш, како и дека обвинетата креирала сцени и дијалози кои се крајно невистинити. Саманта ја тужи продукцијата на пејачката и од нив бара 40 милиони долари, како и да бидат предадени сите копии од популарниот филм.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....