04:27 - 7 ноември, 2026

Стојне Николова: Летото ќе го поминам во нашиот преубав Охрид

Фолк пејачката Стојне Николова препознатлива по својот нежен вокал, со кој внесува карактеристични музички изведби на македонската песна – летниот одмор ќе го мине во нашата земја.

„Заради ситуацијата со Корона вирусот, не сум сигурна дали ќе имам можност да отпатувам во некоја убава дестинација за летување надвор од земјата. Но, затоа овде имаме многу убавини“, вели Николова за Слободен печат.

Запаметените хитовските рефрени „Око мое“, „После мене“, „Спремај мајко дарови“, „Мелем за душа“ и многу други – Стојне ќе ги отпее повторно пред публиката, откако ќе се врати од одморот.

Бобан Мојсов (клавијатури) и Стојне Николова

Нашето охридско езеро ги плени туристите од светот, додека естрадните уметници изминативе години летото го минуваа работно во Охрид.

„Ќе го посетам нашиот преубав Охрид. Впрочем како и секоја година традиционално сум таму“, заклучува Николова.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....