03:00 - 7 април, 2026

СПАСЕН ОД ПРЕГРАТКАТА НА СМРТТА: Овен Вилсон отворено за депресијата

Овен Вилсон прозборе за најтешкиот период од неговиот живот – кога се обидел да се самоубие во 2007 година.

Овен Вилсон се наврати на најмрачниот период од својот живот: во 2007 година актерот се обиде да си го одземе животот по долга битка со депресијата.

Во текот на интервјуто за Есквајер, ѕвездата оворено призна дека бил спасен неговиот брат кој буквално го грабнал од прегратките на смртта.

„Понекогаш изгледа дека животот го толкува Том Харди во „Повратник“ (The Revenant), страшен човек кој се обидува да те убие. Изгледа  дека секогаш е тука шепотејќи: „Ова нема да го врати твојот син или татко, или добрите моменти од минатото. Или нешто друго“. А кога животот го игра тој човек, треба само да чекаш да помине“, рекол Овен Вилсон.

Од депресијата го извлекле неговите браќа, Андреј и Лук, кои му помогнале „да стане и да прави мали планови од ден на ден“.

Инстаграм

Овен беше итно префрлен во болница во 2007 година, откако неговиот помлад брат Лук Вилсон го најде во неговиот дом во обид за самоубиство. Битката против депресијата започнала на 11-годишна возраст, а потоа растела со се поголема опседнатост со смртта.

Холивудската ѕвезда откри во интервјуто и дека се чувствува многу ценет во последно време:

„Ги познавам добро тие чувства кога си најдолу и најгоре, но кога ќе дојде горниот бран мора да го јавате што е можно подолго. Денес се чувствувам благодарен. Благодарен е еден од оние зборови што често ги користам. Би рекол – благодарам“, заклучува актерот.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....