08:07 - 16 ноември, 2026

(ФОТО) Роузи Хантингтон-Вајтли е бремена: објавата пристигна на Инстаграм

Топ моделката Роузи Хантингтон-Вајтли објави дека има трудничко стомаче на својот Инстаграм профил. Ова е нејзина втора бременост, односно таа очекува второ дете од нејзиното момче, актерот Џејсон Статам. 

Роузи Хантингтон-Вајтли повторно се подготвува да стане мајка: 34-годишната манекенка минатиот четврток, 19 август, објави на Инстаграм дека е бремена со своето второ дете со нејзиното момче Џејсон Статам, објавувајќи и серија фотографии на нејзиниот профил, која завршува со нејзина фотка во тесен бел фустан што јасно го покажува нејзиниот испакнат стомак.

инстаграм

Објавата брзо собра повеќе од 500.000 лајкови и многу коментари од обожавателите и многу пријатели како Попи Делевињ, Елса Хоск, Џордан Дан…кои ѝ изразија срдечни честитки.

Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Статам веќе се родители на 4-годишниот Џек Оскар.

Моделката призна (во декември 2019 година) дека мора да ослабе откако го роди синчето. За време на бременоста со Џек се здебелила околу 25 килограми: „Накачив значителна тежина“, ѝ рече таа на „плус сајз“ моделката Ешли Греам во епизода од подкастот за „заоблени“ манекенка „Pretty Big Deal“.

Роузи призна дека губењето на тежината не е толку лесно како што мислела, и покрај многуте вежби во фитнес салата.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....