11.8 C
Скопје
16:21 - 30 март, 2026

Сопругата на Мирослав Илиќ откри детали од приватниот живот: „Што сè претрпев за овие 55 години брак“

Пејачот Мирослав Илиќ вчеравечер, токму на својот 75. роденден, одржа голем концерт. Негова најголема поддршка, како и секогаш, биле сопругата Гордана и ќерката Марија, кои од првиот ред го следеле настапот. Гоца, како што ја нарекуваат, проговори за нивниот долг брак и односот кој го градат повеќе од пола век.

На прашањето дали е посебно горда на Мирослав поради овој концерт, Гордана рече:

„Најмногу сум била горда на Мирослав кога се омажив за него, а после тоа таа гордост само растеше. Не морам да го издвојам овој концерт – тој е секогаш посебен. Ми се допаѓа неговата неверојатна толеранција, навистина му се восхитувам. Знае да се налути, и тоа е човечки, но во суштина е добар и благороден човек.“

Гордана проговори и за предизвиците што ги носел неговиот професионален живот и како тоа влијаело на нивниот брак.

„Сите ме прашуваат што сум морала да издржам за овие 55 години брак, а никој не прашува што тој морал да издржи. Се трпевме, се усогласувавме, се лутевме, се расправавме, па се смирувавме – исто како и секој друг брачен пар. Нема ништо ненормално во тоа“, вели таа.

Таа со насмевка додава:

„И двајцата мораше да бидеме доволно луди за да опстанеме 55 години. Тоа е навистина за восхит – половина век заедно.“

Гордана откри и дали чувствува дека таа има голема заслуга за тоа што Мирослав денес е голема музичка ѕвезда.

„Па секако дека имам заслуга. Не се омажив за ‘Мирослав Илиќ – ѕвездата’. Тој тогаш не беше познат. Сè изградивме заедно. Се венчавме како студенти и привремено влеговме во оваа приказна за да имаме од што да живееме. Животот нè однесе по друг пат. Колку е тој заслужен, јас си давам уште десет плус. Тој е талент, но неговата задача беше да ја земе торбичката и да тргне на пат. Сè останато беше на мене – а тоа беше многу. Нормално дека беше тешко“, открива сопругата на пејачот.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....