13:52 - 7 ноември, 2026

Се огласи и авторот: Сопругата на Бора Ѓорѓевиќ го стопираше прикажувањето на документарниот филм за „Рибља чорба“

Дубравка, вдовицата на легендарниот рокер Бора Ѓорќевиќ, го стопираше прикажувањето на документарниот филм „Рибја чорба – песни без кои не се може“.

Авторското творештво на Сандра Ранчиќ и Душан Весиќ требаше да се одржи во рамките на деветтиот меѓународен фестивал „Док ен ритам“ – меѓутоа, тоа нема да се случи.

Еден од авторите на Фејсбук напиша дека, иако наводно имаат писмена согласност од Бора, почитувајќи ги страдањето и болката на вдовицата на Бора, не го прикажале документарецот.

„Жалам што морам да соопштам дека проекцијата на филмот „Рибља чорба – Песни без кои не се може“, која беше закажана во „Дорќол плац“ НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ. Причината лежи во тоа што Дубравка, вдовицата на Бора Ѓорѓевиќ, се противи на проекцијата. Не знаеме точно зошто е тоа така, ниту е поволен момент да го утврдуваме тоа, бидејќи сè е уште свежо и можеме да разбереме дека емоциите се измешани. Сепак, должен сум да кажам дека ја имаме писмената согласност на Бора, дадена во време кога тие двајца сè уште не се познавале. Исто така, пред извршното оставинско рочиште, каде надлежниот суд одлучува за законското наследство, таа – од чисто правен аспект – нема можност да влијае на ништо. Но, имајќи предвид дека таа го негуваше него во последните години од животот, за да не ја вознемируваме непотребно, а поради почит кон Бора, Сандра Ранчиќ и јас решивме да ја откажеме вечерашната проекција. Повторувам, жал ми е. Ова испадна толку глупаво што немам зборови“, напишал Душан Весиќ.

Станува збор за 90-минутен документарен филм, снимен во 2013 година.

Инаку, Бора Ѓорѓевиќ, легендата на музичката рок сцена, попознат како Бора Чорба, почина на 4 септември во болница во Љубљана на 71-годишна возраст.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....