12:36 - 7 ноември, 2026

Софче Џорлева го победи коронавирусот – Нејзиниот син со порака до сите кои се уште не веруваат дека тој постои!

Младиот пејач Огнен Здравковски уште пред неколку недели објави дека е позитивен на коронавирусот. Во неговата најнова објава на Фејсбук, тој откри дека и неговата мајка, пејачката Софче Џорлева исто така била позитивна на коронавирусот, но боледувањето го поминала многу потешко од него.

По тешкото две неделно лекување на Инфективната клиника во Скопје, при што била и на кислородна поддршка, таа победила во оваа битка.

Огнен Здравковски во својот статус на Фејсбук, во кој прикачи фотографија од неговата мајка, упати апел до сите кои се уште не веруваат дека коронавирусот постои, раскажа за нејзината состојба сега и им се заблагодари на лекарите за помошта…

„Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева, знаете каква жена е. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со „COVID 19“ (Коронавирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на „Инфективната Болница“ во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!!“, стои во описот на фотографијата.

ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!! ⚠️⚠️⚠️???Сите што ја познавате мајка ми Sofce Dzorleva , знаете каква…

Publiée par Ognen Zdravkovski sur Dimanche 16 août 2020

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....