8.8 C
Скопје
16:48 - 19 февруари, 2026

СНЕЖАНА САВИЌ КАКО ЈОВАНКА БРОЗ: Серијата „Јованка Броз и тајните служби“ и бројните нераскажани приказни

снежана савиќ

Актерката која го толкува ликот на првата дама на Југославија вели дека има многу нераскажани приказни за неа што ќе бидат откриени во серијата „Јованка Броз и тајните служби“.

Јавноста од сите поранешни држави на Југославија со нетрпение ја очекува новата документарно-фантастична серија „Јованка Броз и тајните служби“, која веројанто ќе почне да се прикажува на „РТС“ оваа есен.

Главната улога ја игра актерката Снежана Савиќ, која открива дека ќе бидат прикажани голем број нераскажани приказни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILMITV.RS (@filmitv.rs)

Се крена голема прашина околу серијата „Јованка Броз и тајната служба“. Документарно-фантастичната серија од десет епизоди ќе се прикажува на „РТС“. Точниот датум сè уште не е утврден, но најверојатно тоа ќе се случи на есен. Тоа е приказна за една епоха и време кое го одбележале овие личности на чело со Јосип Броз Тито, како и неговата придружничка Јованка. Таа беше народен херој, офицер и жена која одликувана со храброст во војната, една од најубавите жени во светот која отсекогаш пленела со својот изглед. Има многу нераскажани приказни од нејзиниот живот“, неодамна раскажа Снежана за „Filmitv.rs“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovanka Broz (@jovankabrozofficial)

Се шпекулираше дека била строга, перфекционист и ги отпуштала сите оние кои не ѝ се допаѓале од различни причини. Јованка била исклучително силна жена. Кон крајот на животот на Тито, кога тие не биле во одлична врска, добила покана да ја прослави Новата година со него. Таа не се согласила на тоа, бидејќи претходно Тито бил вмешан во афера со две масерки кои тогаш Јованка ги нарекувала конкубини. Повеќепати истакнувала дека многу работи трпела само од инает и велела дека ги надживеала сите свои непријатели“, вели Снежана, која ја игра Јованка по разделбата со Тито и открива како се подготвувала за улогата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovanka Broz (@jovankabrozofficial)

Многу проучував за неа. Нејзината личност, начинот на кој зборувала, одела, нејзината боја на глас, интонацијата. Се обидов што е можно повеќе, секако со мерка, сето тоа да го пренесам на публиката. Јованка ќе биде прикажана на веродостоен начин. Јас физички потсетувам на неа, имаме слични црти на лицето. Костимите и маската дополнително придонесоа да потсеќам на неа“, истакна актерката.

Снежана открива и како изгледале последните денови на Јованка Броз.

По смртта на Тито, на Јованка едвај ѝ било дозволено да дојде на погребот. За неа тогаш започнале тешките денови на изолација во куќа без услови, која протекува и немала греење. Тешките моменти ги живеела во изолација. Обесправена, со голема дамка на нејзиното име. Навредувана од сите. Од кралица до жена која живеела тежок живот“, истакна таа.

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....