13:18 - 2 ноември, 2026

„Слушнав дека е добро да се пие урина“: Рада Манојловиќ го откри еликсирот на младоста!

Рада Манојловиќ

Пејачката Рада Манојловиќ зборуваше за еликсирите за подмладување, споменувајќи ги лежањето во када полна со мраз и консумирањето урина, методи што ги користи „кралицата на попот“, Мадона. Сепак, Рада истакна дека не е подготвена да оди толку далеку.

„Видов дека и спортистите постојано се во некаков мраз, па тоа веројатно е добро за мускулите или нешто друго. Морам да го проучам тоа. Што се однесува до урината, и за тоа читав дека е добро, но не знам дали би одела во такви крајности. Го сакам себе и би сакала да живеам сто години како Рокфелерите и Ротшилдови кои си купиле здравје и години, но сепак, не сум сигурна за тоа“, изјави Рада, пренесува Курир.

Сепак, постои метод што ѝ се допаѓа на Рада, а е поврзан со покојниот Мајкл Џексон.

„Би сакала да пробам, како Мајкл Џексон, хипербарични комори“, рече Манојловиќ, коментирајќи ги фотографиите кои своевремено го потресоа светот, на кои пејачот лежи во комора каде што терапијата се изведува со кислород под зголемен притисок, што позитивно влијае на здравјето и на подмладувањето.

Слични објави

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.
Се вчитува....