14:59 - 1 април, 2026

СЛАВНАТА ДРУГАРКА НА ПУТИН му го сврти грбот: А, што е со „силната машка енергија“!?

Беа потребни 35 дена војна за да се убеди сопранистката Ана Нетребко да заземе став против руската инвазија на Украина и да се дистанцира од нејзиниот (поранешен?) пријател Путин.

На Фејсбук, таа денеска напиша: „Изрично ја осудувам војната и моите мисли се насочени кон жртвите и нивните семејства. Мојот став е јасен. Јас не сум член на ниту една политичка партија и не сум сојузник со ниту еден лидер на Русија.

Признавам и жалам што моите минати постапки или изјави можеби биле погрешно протолкувани. Всушност, јас сум го сретнал претседателот Путин само неколку пати во целиот мој живот, особено на приемите на наградите како признание за мојата уметност или на церемонијата на отворање на Олимпијадата“.

Можеби е така како што пишува самата на Фејсбук, но во 2012 година таа јавно ја изразила својата желба да биде љубовница на Путин, поради неговата„силна машка енергија“. Две години подоцна, оперската пејачка донирала сума пари на операта во Доњецк, управувана од проруски лидер.

принтскрин

Постот „за откуп“ на Ана завршува вака:

„Никогаш не сум добила финансиска поддршка од руската влада, а живеам и сум даночен жител на Австрија. Ја сакам мојата татковина Русија и само барам мир и единство преку мојата уметност. По најавената пауза, продолжувам со настапите на крајот на мај, првично во Европа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aurora Hermine (@aurora.alligeri)

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....