23:48 - 6 април, 2026

СИНОТ НА РЕБЕКА МОЖЕ ДА НИ ПРЕДАВА НА ТЕМА – ИСКРЕНОСТ: Мамо јас не можам да лажам и не треба,нели?!

Пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“ Ребека Јанковска – Ристески, на својот фејбук – профил објави прекрасен статус, случка од еден обичен училишен ден на својот помлад син Макариј која носи силна порака.

Како и секоја мајка, така и Ребека му помогнала на својот син околу задачите по математика, но искреноста на Макариј е многу поважна од решените текстуални задачи по множење и делење:

Макариј: Мамо, денес наставничката те пофали.
Јас: Мене ме пофали!?
Макариј: Да
Јас: Зошто ? Се подзамислив….
Макариј: Мамо ги прочитав текстуалните задачи што ти ни ги смисли по математика со множење и делење. Ме пофали дека се многу убави. И кажав дека ти ги смисли, а јас само ги напишав и решив зашто сè уште не можам со множење и делење сам да смислувам задачи.
Тогаш наставничката ми кажа да ти кажам дека се многу убави задачите. Рече, браво за мајка ти!
Макариј: Мамо јас не можам да лажам и не треба,нели?! И на другите деца им кажуваат знам.

Јас: Прекрасно си постапил! Се гордеам со тебе, стои во објавата која Ребека ја сподели на својот фејсбук – профил.

Макариј иако е само дете денес не научи на една многу важна лекција. Математиката е важна како наука, но искреноста е уште поважна. Искреноста е најтешката наука која возрасните секојдневно се обидуваат да ја изучат, а децата ја совладуваат со леснотија.

– Детска искреност. Љуби га мајка, стои во описот на објавата на Ребека надополнета со многу емотикони со насмевки и срца која заедно со Макариј ги стоплија  и нашите срца во овој студен октомвриски ден.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....