0.8 C
Скопје
23:22 - 9 ноември, 2024

Што пишува во психолошкиот извештај на Адолф Хитлер?

За време на Втората светска војна, Канцеларијата за стратешки услуги, која е претходник на денешената ЦИА, изнајмила американски психолог за да го анализира и да го предвиди однесувањето на Адолф Хитлер. Психологот Хенри Мареј составил извештај од 229 страници, под наслов „Личноста на Адолф Хитлер“, во која го опишал Фирерот како параноичен шизофреничар.

Психологот Мареј добил задача да го анализира Хитлер и да се обиде да го предвиди неговото однесување, пренесува „Бизнис Инсајдер“. Во неговиот извештај од 299 страници, Мареј го опишал Хитлер како параноична катастрофа која не била способна за нормални односи со луѓето.

Имено, Хитлер страдал од нетолерантни чувства на инфериорност кои имаат корени во неговиот мал, слаб и лош физички изглед во текот на детството. Хитлер одбивал да оди на училиште како дете бидејќи се срамел поради тоа што бил полош ученик во споредба со останатите ученици. Неговата мајка го пуштила да се откаже од образованието.

Тој никогаш немал никаква физичка работа, не спортувал а австриската војска одбила да го плати поради неспособност, пишува во страниците на Мареј. Хитлер управувал со своите несигурности применувајќи моќ, физичка сила, немилосрдна доминација и воено освојување.

Како дете, Хитлер страдал од Едипов комплекс, кој го развил откако случајно ги видел родителите за време на сексуален однос, наведува Мареј во извештајот. Во тој момент, Хитлер започнал да го гледа татка си како непријател кој со семејството владее со тиранска моќ и неправда. Хитлер бил љубоморен на моќта на својот татко и сонувал за тоа да го понижи.

Мазохистичко однесување во кревет

Неколку сексуални партнерки на Хитлер споделиле со Мареј дека тој не можел да го „консумира односот на нормален начин“. Невозможноста да ја докаже машката сила пред жените го поттикнала Хитлер тоа да го надомести со моќта пред светот. Мареј пишува дека Хитлер имал мазохистичко однесување додека имал сексуален однос со жена.

Плачел и се самосожалувал

Кога бил најмоќен, Хитлер страдал од чести емоционални потреси поради чувството на вина. Според Мареј, тој бил бесен и плачел додека се самосожалувал. Потоа следувал период на инерција, исцрпеност, меланхолија и неодлучност, а потоа имал кошмари, по што следувало заздравување на кратко. Тогаш Хитлер бил уверен и одлучен во своите одлуки да изврши напад со сила и немилосрдност. Ваквото однесување можело да трае 24 часа или со недели.

Стравувал за својата „германска крв“

Познато е дека Хитлер ценел „чиста, немешана германска крв“. Мареј го објаснува ова: Кога имал 12 години, Хитлер бил фатен за време на сексуален однос со мало девојче, а по тоа развил страв дека неговата крв би можела да биде заразена по контакт со жена. Тој никогаш не признавал дека неговиот татко е роден како непризнаено дете и дека имал два пропаднати бракови.

Бил срамежлив и имал некоординирани гестикулации

Според извештајот на Мареј, Хитлер често добивал комплименти поради бојата на неговите сиво-сини очи. Со својата висина бил малку под просекот, а Мареј забележал дека при поздравувањето бил несмасен. Многумина зборувале дека бил срамежлив и несмасен кога запознавал нови луѓе и имал некоординирани гестикулации, но и бил пребирлив кога станува збор за храната.

Слични објави

Почина мајката на Сања Маринковиќ: Водителката ја дознала трагичната вест на снимањето на емисијата

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Пејачката само во бањарка, ужива покрај море

Еспресо

(Фото) Среќа во домот на Даниел Кајмакоски: Пристигна малечката Емилија!

Еспресо

Татјана Пецакова, дипл. медицинска сестра, болница „Санте Плус“: Есента и новороденчињата

Еспресо

Сораја има стан вреден 8 милиони евра: Старлетата живее во 440 метри квадратни, има три паркинг места и приватен парк

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ откако се врати од Америка доби специјален подарок: Во кутијата имаше и посебна порака

Еспресо
Се вчитува....