4.8 C
Скопје
23:01 - 14 ноември, 2024

Што ни носи влегувањето на Марс во Вага? Период во кој ќе сфатите кои ви се вистински пријатели

Иако сезоната на Вагата наголемо започна, Марс (планетата на акцијата) до 4 октомври беше во Девица што не натера да работиме понапорно од вообичаено.

Меѓутоа, со влегувањето на Марс во Вага конечно дојде време малку да се опуштиме, но и да бидеме внимателни.

Добро прочитавте, Марс влезе во Вага што значи дека ќе имате повеќе слободно време за себе. Воздушните знаци како Вага, Близнаци и Водолија ќе почувствуваат најпозитивни ефекти од овие промени, додека Овните, Јарците и Раковите ќе бидат под поголема тензија отколку вообичаено.

Знакот Вага не е најпогодното место за Марс. Марс природно прапаѓа на Овенот, а бидејќи Вага е спротивно од Овенот, тогаш често ќе бидете во кавги. Главната разлика што на Овенот најважни му се личните амбиции, а на Вагата односите со луѓето. Затоа сега е повеќе од неопходно дека се што правите, правите во тимот. Никако сами.

Дури иако не сте тимски играч, уште една причина зошто токму сега не би требало да одлучувате сами е поради класичните неодлучности на Вагата. Од една страна, Вагата не ви дозволува да се одлучите, од друга страна Марс кој ве поттикнува на акција. Поради тоа подобро е некој друг пообјективно да ја согледа вашата ситуација.

Токму овој период кој ќе трае 6 недели е идеален за да ги постигнете сите свои цели, но и да сфатите на кој најмногу можете да верувате.

Иако Марс е планетата на акцијата, воедно е и планетата на агресијата. Лесно ќе западнете во конфликти со саканите личности кои поради тврдоглавоста и одбивањата да ја согледате приказната од друг агол, може да траат со недели. Имајте го ова на ум, па со сите ќе се „наоѓате на половина пат“. Ќе заштедите многу енергија и време.

За среќа, Вагата е позната по дипломатските вештини, па лесно ќе најдете компромис.

Марс во Вага можеби не е најлесен период, но секако е време кое до 18 ноември треба да го искористите за себе. Зајакнете ги постоечките врски, имајте повеќе разбирање за другите, станете тимски играч и доведете го својот животот во ред. Искористете ја можноста за тоа, додека Марс не влезе во Шкорпија.

Слични објави

Јована Јеремиќ проговори за бременоста: Водителката откри како ќе ѝ се вика синот!

Еспресо

Драгана Мирковиќ се огласи за „кавгата“ со Цеца: „Така треба да се однесуваат колешки меѓу себе!“

Еспресо

Саша Матиќ е мета на измамници: Во сѐ е вмешан и неговиот брат Дејан Матиќ, а спомна и тужба

Еспресо

Снаата на Новак Ѓоковиќ физички нападнала и навредувала стјуардеса: „Грда си, не знам кој те вработил!“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави слика со својот син: Пејачката го прослави својот 40-ти роденден

Еспресо

(Видео) Цеца ги однела сестра си и снаата во Дубаи: Женското друштво ужива покрај базен

apostolova
Се вчитува....