-2.2 C
Скопје
22:30 - 17 декември, 2025

Што бараат Брена, Јелена, Цеца и Драгана пред концертите: Нестудена вода, свежо овошје, папагал…

Списоците на светските ѕвезди се речиси нереални и тешко остварливи, додека регионалните поп и фолк ѕвезди се нешто поскромни.

Ријана во Лондон побарала нејзината соблекувална да биде осветлена со свеќи, посипана со цвеќиња и во неа да има долг кауч, но не кожен, туку со „сина покривка“. Таа барала да има и многу и разновидна брза храна. На Мадона ѝ требаше соба за 200 луѓе (поточно сала), 30 чувари, инструктор по јога, хемиско чистење, 20 меѓународни телефонски врски во соблекувалната, во која требаше да има лилјани, бели и розови рози,..Џенифер Лопез побарала приватен авион, хотелски соби за својата армија стилисти и шминкери. Таа имаше и, благо речено, чудно барање: кафето да и се меша спротивно од стрелките на часовникот.

Кога станува збор за регионалните ѕвезди, Драгана Мирковиќ очекувано има минимални барања – мора да има само вода во нејзиниот бекстејџ.

Една од најскромните е Светлана Цеца Ражнатовиќ.

– Имам листа, се разбира, тоа е сосема природна работа кога си во ваков бизнис. Но, што се однесува до мојата лична рајдер листа, не барам нешто посебно, само нестудена вода и ништо повеќе – рече фолк дивата.

За да си ја врати силата по настапот, Лепа Брена покрај освежување бара од организаторите и овошје.

– Едноставно, сакам да се најадам свежо овошје. Нема некое што посебно го преферирам, овошјето е полно со витамини и минерали, па во никој случај не може да ми наштети – откри Брена во една прилика.

За разлика од нив, Јелена Карлеуша е позахтевна. Таа во 2012 година привлече големо внимание со списокот со барања за настап на фестивалот во Врњачка Бања.

Од организаторите ЈК побарала непрскани јаболка, светски позната флаширана вода, грицки без глутен, но и папагал. Јелена имала посебни барања и за гардеробата, па барала просторијата во која се пресоблекува да нема прозорци и да има обезбеден паркинг пред нејзината врата. Но она што Карлеуша секогаш го очекува е безбедноста.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....