6.8 C
Скопје
22:51 - 7 март, 2026

Шокантно откритие: Јована Јеремиќ сподели кое е најчудното место каде што водела љубов

Српската водителка Јована Јеремиќ гостуваше во „Интимни прашања“, новата авторска емисија на Никола Жугиќ, каде зборуваше за сексот, партнерите, но и со лажните пријатели кои ги стекнала во текот на животот.

Јована Јеремиќ на самиот почеток на емисијата проговори за својот најголем престап во животот, нагласувајќи дека тоа е прекршок во исхраната, додавајќи дека во ниедна врска таа не е втора, туку вистинска султанка.

„Никогаш не сум бил втора во ниедна врска, не ми се допаѓа да бидам втора… Султанка, единствена. Никогаш не сум украла момче на другарка, тоа го сметам за големо предавство. За мене мажите на моите пријатели се забранета зона, односно суштества без секс“, изјави таа.

„ Кое е најчудното место каде што си имала секс?“, ја праша Жугиќ.

„Нема да ми верувате, тоа е кревет. Секој би мислел различни работи за мене. Јас сум некој што сака да води љубов во кревет, не сакам да пробувам на други места бидејќи ми е непријатно. Се обидов, признавам“, одговори Јована.

„Каде проба?“, ја потпраша водителот.

„Во автомобил (се смее). На предното седиште и беше само еднаш во животот и онака… Не е за мене. Ми се допаѓа креветот затоа што можам да се раширам, колку е поголем креветот, толку повеќе можности за различни начини на водење љубов“, додаде таа.

Слични објави

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо
Се вчитува....