13:28 - 2 јануари, 2026

ШЛАКАНИЦАТА на Вил Смит за Крис Рок – фокус на Оскарите: Држи го името на жена ми надвор од твојата еб*на уста!

Вил Смит како Али – неговиот филм од 2001. Ова е сцената на само неколку минути од прогласувањето за најдобар актер.

Како што се случи, Крис Рок не губеше се шегуваше кога пристигна на сцената за да ја додели наградата за најдобар документарен филм, која ја освои Summer of Soul на Questlove. Но, шегата упатена кон Џада Пинкет Смит (сопругата на Вил Смит) – искористувајќи ја нејзината болест алопеција – имаше сензационален ефект. Имено, Рок се шегуваше дека Џада со ваква фризура сега може да  глуми во вториот дел на „Г.И. Eо“ (GI Joe 2), воена научно -фантастична акциона филмска серија, но исто така и историска линија на акциони играчки засновани на фигури, од кои некои се ќелави.

Слушајќи ја шегата Џеда превртуваше со очи, веднаш откако камерата го сними Вил Смит како се упатува кон Крис Рок.

Прашање на секунди и актерот му упати силна шлаканица на комичарот кој, изненаден, реагираше сепак, воздржано коментирајќи го гестот со „Леле! Вил Смит тукушто силно ме удри“.

Дали беше дел од сценариото? Далеку од тоа.

Враќајќи се назад на своето место, седнувајќи на столицата, Вил продолжи да пцуе запрепастен од тоа што Рок го спомна името на неговата сопруга.

„Keep my wife’s name out of your fu***** mouth!“ (Држи го името на жена ми надвор од твојата еб*на уста!) – коментираше луто Вил.

„Ќе го направам тоа“, речиси со шепот одговори комичарот.

Во театарот Долби настана тишина, па следуваше читањето на номинациите – тешко извршено од Крис, бидејќи Смит беше номиниран за најдобар актер благодарение на неговата улога во Кралот Ричар и дека за неколку минути ќе се знае дали тој ќе победи. Шекспирова атмосфера.

Со Оскар во рака, освоен на крајот како што се очекуваше, говорот за благодарност на Вил Смит се осврна на важноста на семејството и неговата одбрана. Мешавина од тонови и теми во кои реалноста и филмската фантазија (и онака базирана на реалност) се преклопија.

„Дедлајн“ напиша дека двајцата потоа се „дорасчистиле“ зад сцената, а Дензел Вашингтон дејствувал како миротворец. Сепак, на фотографиите објавени од прес-агенциите се гледа само како Бредли Купер и Тајлер Пери му приоѓаат на Вил за да го смират.

Слични објави

(Фото) Миро Кацаров го покажа синот и својот дом: Господ ми даде сѐ

msp-admin

Теа Таировиќ си ги кажа желбите за 2026 година: „Мајчинството е најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена“

Еспресо

(Фото) Холивудски изглед на Маја Панчева со посебен повод

msp-admin

(Фото) Уна Чолиќ во мини и деколте, а дечко ѝ опкружен со трубачи: Вака ја прославија Нова година во Црна Гора

Еспресо

2025 остави трагични лузни: Пеце од „Суперхикс“ си ја отвори душата

msp-admin

Организаторот кого Весна и Ѓоле Ѓогани го обвинија за неисплатен хонорар: „Во итна помош сум, се плашам дека ќе умрам“

Еспресо
Се вчитува....