23:59 - 8 април, 2026

ШАКИРА и ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ќе настапат на полувремето на Супербол

Поп-ѕвездите Шакира и Џенифер Лопез официјално потврдија дека ќе настапат на шоуто за време на полувремето на 54-от Супербол, во рамките на американскиот НФЛ.

Супербол ќе се одржи на 2 февруари 2020, на стадионот Хард рок во Мајами, а ќе се пренесува директно на каналот Спорт клуб.

На полувремињата на Супербол досега настапиле ѕвезди како Џастин Тимберлејк, Лејди Гага, Бијонсе, бендот Maroon 5, а оваа година честа ќе ја имаат Шакира и Џеј Ло.

Претходната сезона титулата ја освоија Њу Ингланд патриотс. Полувремето од 2015 важи за најгледано досега, со над 120 милиони гледачи, кога настапи Кејти Пери како главна ѕвезда и Лени Кравиц и Миси Елиот како специјални гости.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....